Бројна публика ја проследи детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“

 Во Националаната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во големата сала, пред бројна публика, денеска беше прикажана детската балетска претстава „Волкот и седумте јариња“.

 На претставата настапија млади талентирани балерини, кои навистина беше задоволство да се проследат.

 Веднаш по завршување на претставата, најмладата публика, односно дечињата ги поздрави Дедо Мраз кој им посака среќна и напредна Нова 2014 година. Имено, како што беше најавено, на најмладите посетители на претставата организаторите им врачија подарок – по еден балон на сите деца.

WebOhrid