Невладините организации „Мултиетник груп“ и „Подобар живот“ доделија новогодишни пакетчиња во Општа болница

По повод Новогодишните празници, денес претставници од Невладините организации „Мултиетник груп“ и „Подобар живот“ доделија новогодишни пакетчиња за децата кои се лекуваат во детските одделенија при Општата болница во Охрид.

Како што истакнаа организациите, оваа хумана акција е всушност продолжување на традицијата на Египќаните, да се посетат децата во детското одделение во Општа болница во Охрид, а се со цел да предизвикаат насмевки на лицата на најмладите.

„Пред новогодишните празници, ние се потрудивме како невладина организација „Мултиетник груп“ заедно со претседателот на невладината организија „Подобар живот“ Неџат Сабри, заедно со нашата потпретседателка на „Мултиетник груп“, д-р Ана Тасеска, скромно, благодарение на нашите донатори, спонзори, Сашо компани, Дине Маркет и Вин Маркет да им доделиме новогодишни пакетчиња на децата. Сакавме, едноставно да придонесиме насмевки на лицата на овие деца во детското одделение“. – истакна претседателот на иницијативниот одбор на НВО „Мултиетник груп“, Демир Далип.

Далип упати голема благодарност до директорот и до персоналот на Општата болница, за како што рече овозможувањето на реализацијата на овој хуман гест.

„Она што сакам да потенцирам е дека ова е добар потег, бидејќи како општина, благодарение и на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа уште еднаш покажавме дека хуманоста нема алтернативи“. – додаде Далип.

WebOhrid