Кривични пријави за двајца стружани поради овозможување на употреба на дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Н.(17) и И.Д.(18), двајцата од Струга, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога и психотропни супстанции“. Во текот на април 2013 година, на бул „Туристичка“ во Охрид при извршен преглед над ПМВ, управувано од второпријавениот, а во кое се превезувал првопријавениот и уште четири лица се пронајдени 1,1 грама марихуана, 11 семки канабис сатива и две гранчиња канабис сатива, која сопственост на пријавените, а истите имале намера да ја консумираат со останатите лица во возилото.