Наскоро ќе се прикажува „Пат до Божиќната Ѕвезда“ во Центарот за култура

Пат до Божиќната Ѕвезда, од четврток 2 јануари до сабота 4 јануари 2014 година ќе се прикажува во Центарот за култура. Почеток е од 18:00 часот, а во сабота кино проекција ќе има и во 13:00 часот. Филмот е синхронизиран на македонски јазик.

 Храбра девојка тргнува на авантуристичко патување во потрага на Божиќната Ѕвезда со цел да го ослободи кралството од проколнување и да ја врати назад одамна изгубената принцеза, но некои моќни душмани ќе пробаат да ја сопрат во својата намера. Божиќна авантура за целото семејство прикажана во магична зимска идила.

 Влезот чини 50 денари.