Трансфер на Денис Махмудов во Цволе

24 годишниот напаѓач Денис Махмудов е нов член на холандскиот прволигаш Цволе. По одличната полусезона за тимот на третолигашот Ексцелзиор ’31 со постигнати 19 голови на 15 натпревари, Махмудов го привлече интересот на клубовите од првата лига, а Цволе најбрзо успеа да се договори и го доведе во своите редови.

Македонецот Махмудов досега не е повикан да настапува за македонската репрезентација.

WebOhrid