Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидност, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П. „Градски Пазар“, Тони Коталески, кој веднаш по неговото назначување за прв човек на ЈП започна со реализација на своите проекти, кои се наменети за сите граѓани на Охрид.
„Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, – вели директорот Коталески.
Директорот истакна дека пристапните рампи соодветно ќе бидат обележани.
Покрај пристапни рампи Коталески додаде дека на паркинг просторот со кој стопанисува ЈП „Градски Пазар“ – Охрид, веќе се обележани паркизи за лицата со инвалидност, со што во секое време ќе има слободно место на паркингот за нив.
Ј.П. „Градски Пазар“ двата проекти ги спроведе во координација со Локалната самоуправа и со помош на Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид и Ј.П. „Градски Гробишта“.
„Оваа локална власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ, покажува дека подеднакво се грижи за сите граѓани на Општина Охрид. Ќе се залагаме и во иднина, се што работиме да биде во интерес на сите граѓани“, – додава директорот Коталески.
Коталески во име на Ј.П. „Градски Пазар“ на сите граѓаните од христијанска вероисповед им го честита Божиќ, посакувајќи им многу среќа, благодет и успех да ги следат преку цела година.