Oд НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ги известуваат сите љубители на пишаниот збор дека од утре (10-ти јануари) со работа ќе започне Литературниот клуб „Григор Прличев“, кој повторно ќе функционира во рамките на Библиотеката.
Литературните средби ќе се одржуваат секој петок во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во временски интервал од 17 до 19 часот.