Отпочнати активности за изградба на нова водоводна линија во населбата „Болнички комплекс“

Следејќи ги потребите на туристичкиот развој на градот, проширувањето на градежните зони и зголемувањето на населението и согласно Програмата за водснабдување за 2014 година на Р.Е. „Водовод“ Охрид, отпочнати се активности за изградба на нова водоводна линија во населба „Болнички комплекс“ односно поврзување на дел од улицата „Сирма Војвода“ со улица „Момчило Јорданоски“.

Како што велат од јавното претпријатие, новата водоводна линија ќе биде со профил фи160 и вкупна должина од 260 м.

Изградбата на новата водоводна линија е само почеток на реализација на планираните активности согласно програмата за работа за 2014 година на Р.Е. „Водовод“ Охрид која е усогласена со Локалната самоуправа и буџетот на Општина Охрид, се со цел корисниците да добијат подобро и поквалитетно водоснабдување.