Новите кумови за Водици добија благослов од владиката Тимотеј

Годинешните кумови за Богојавление- Водици, градоначалникот Никола Бакрачески и бизнисменот Сашо Симески, од Митрополитот на Дебарско- кичевската епархија г. Тимотеј добија благослов за кумството.

Од средбата заеднички беше порачано дека и оваа година охриѓани и Македонската православна црква- Охридска архиепископија, ќе сторат се  да се продолжи вековната традиција, а Охрид да стане  центар во земјите на православието, каде  најмасовно и најафтентично  се одбележува  големиот празник Богојавление – Водици.