Деновиве во с.Велестово Охридско, продолжи снимањето на нови традиционални приказни во чест на царот на Македонските народни приказни Ѓорѓи Колозов, продуцирајќи ги охридската ТВ Морис. Овој проект продолжува како континуитет на снимањето на Македонски народни приказни од 2006 година, каде актерската екипа, ја предводи, осмислува и организира актерот Шенка Колозова. Од 2006-та година снимени со ТВ Морис се околу 40-тина народни приказни, и како што вели актерот, Владо Дојчиноски, секоја улога која ја игра во приказните му е особено драга, со кои израснаа и се воспитуваа многу млади генерации. Сепак битно е да се потенцира и фактот дека, народниот стил на приказните ќе остане и понатаму, а се со цел продолжување на препознатливоста на македонските народни приказни, кои започнаа да се создаваат уште од 1982 година. Напливот на внесување нови стилови во Македонските народни приказни, кои ги снимаат други актерски екипи, се оддалечува од веќе препознатливиот стил на приказните, велат актерите кои ги подготвуваат новите народни приказни за ТВ Морис. Актерската екипа која ги создава новите народни приказни во чест на Ѓорѓи Колозов, се надева дека активно ќе продолжи да ги снима со ТВ Морис.