Извадиле лични карти со туѓи податоци, а со свои фотографии

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави против З.К. (19), С.К. (21) и Б.К. (19), заради постоење на основано сомнение дека сториле две кривични дела „Поднесување лажни докази “ по чл.366-а од Кривичен законик на Република Македонија.

Имено, првото дело го извршиле З.К. и С.К. на тој начин што првопријавениот во јуни 2011 година, во Скопје, со Извод од матична книга на родени на име на неговиот брат С.К., во МВР-ОГР-СУНР- Одделение за управни работи и во управна постапка лажно го поднел при поднесување на барање за издавање лична карта преставувајќи се лажно пред службените лица се фотографирал за лична карта и потоа ја подигнал личната карта со податоци од неговиот брат, а со негова фотографија. Притоа, С.К. истата лична карта за која знаел дека никогаш не поднел барање за нејзино издавање, на 07 октомври годинава ја објавил во службен весник на РМ за неважечка и потврдата од службен весник заедно со Изјава своерачно потпишана за кои знаел дека се со лажна содржина ги употребил во управна постапка при поднесува барање за издавање дупликат лична карта, со што на ваков начин двајцата го сториле кривичното дело „Поднесување лажни докази“.

Во септември-октомври годинава С.К. во Р.Германија го изгубил пасошот, се вратил во Македонија со патен лист и откако во МВР-ОГР-СУНР- Одделение за управни работи поднел барање за издавање лична карта, од службените лица му било укажано дека поседува лична карта издадена во 2011 година. По ова иако забележал дека на личната карта се наоѓа фотографија од неговиот брат се изјаснил дека му е изгубена и истиот ден ја објавил за неважечка во ЈП Службен Весник на Република Македонија за што му била издадена потврда со која на 08.10.2013 год. поднел барање за издавање на дупликат пасош.

Второто, кривично дело е извршено од третопријавениот Б.К. на тој начин што во  април годинава во Скопје, во управна постапка  при поднесување на барање за издавање на лична карта пред службените лица во МВР-ОГР-СУНР- Одделение за управни работи како доказ поднел барање за замена на лична карта, во кое ги внел личните податоци на неговиот брат И.К. приложувајќи ја притоа  и личната карта со изминат рок на име на брат му и потоа се фотографирал, со што на ваков начин се стекнал со лична карта  со податоци од неговиот брат, а со негова фотографија. На 13.12.2013  година од страна на МВР- Одделението за управни работи до СВР Скопје ЕЕКК е доставен акт со сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ за што од страна на СВР Скопје е доставено известување во кое се наведува дека до Одделение за управни работи се обратил И.К. кој што во изминатиот период бил на времена работа во Италија и по неговото враќање дома во фиоката затекнал две лични карти со негови податоци, но на едната имало фотографија од неговиот брат Б.К. По извршените проверки и разговори со лица утврдено  е дека Б.К. откако претходно извршил уплата за лична карта на име на брат му, пополнил Барање за издавање лична карта со лични податоци од неговиот брат кое своерачно го потпишал и истото иако знаел дека е спротивно на законот го поднел зедно со личната карта на 26.03.2008 година на име на неговиот брат И.К. со намера да изврши замена на истата бидејќи гореспоменатата лична карта била со изминат рок и притоа иако знаел дека поднесените податоци во барањето се лажни односно дека се однесуваат на неговиот брат искористувајќи ја сличноста со него извршил фотографирање кај службеното лице од Одделение за управни работи по што му била изготвена лична карта со податоци од неговиот брат, а негова фотографија која му била издадена и  своерачно се потпишал.

Инаку, тројцата пријавени не минуваат во евиденциите на МВР како сторители на кривични дела.