Тодоров: Проектот „рурален доктор“ се спроведува успешно

Пет пункта опфатени со пилот проектот „рурален доктор“ се поставени во Куршево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Прокетот „рурален доктор“ официјално почнува од 1 март. Ова денеска го истакна министерот за здравство Никоча Тодоров при посетата на Здравствениот дом во Крушево, каде се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена установа.

Според него, проектот се спроведува успешно, а целта е да се опфатата сите наслени места каде нема лекар.

Тој посочи дека лекар и медицинска сестра секој ден се на различен пункт и вршат основно прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.

– Овој е пилот-период за проектот „рурален доктор“ и очекуваме со законските измени официјално да профункционира од 1 март. Во земјава има 1.227 населени места без лекар и овој проект многу ќе им олесни на луѓето да не патуваат за секој преглед, рече Тодоров.

Тој денеска ги посети и крушевското село Пресил, каде е поставен еден од петте пунктови во општаната опфатени со пилот-проектот „рурален доктор“, како и Здравствениот дом во Демир Хисар и Психијатриската болница, каде се информираше за состојбите и потребите на тие здравствени установи.