Христијан Кировски потпиша за Белшатов

Македонскиот 28-годишен напаѓач Христијан Кировски потпиша договор со полскиот клуб Белшатов. Кировски беше слободен играч по завршувањето на договорот со ЦСКА Софија. Тој потпиша договор до крајот од оваа натпреварувачка сезона 2013/2014, а со можност за негово продолжување на уште две сезони. Кировски ќе го носи дресот со број 10.

Белшатов моментално е на второто место во полската Прва лига, а претендира на крајот од сезоната тимот да заврши на едно од првите две места кои водат едно ниво погоре, во најсилната лига во Полска – Екстракласа.

WebOhrid