Поради дефект на водоводната мрежа, во текот на вчерашниот ден имаше прекин на водоснабдувањето во одредени делови од општината кај село Оровник, со што жителите и фирмите на тоа подрачје немаа вода за пиење.
Екипите работат на отстранување на дефектот, и во најкратко време состојбата ќе се нормализира, информираат од ЈПК Дебрца.