Во заедничка акција на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарство и аквакултура од Охрид) и лиценцираниот рибочувар од З.Р.С.К „Пастрмка“ од Струга и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид извршени се повеќе контроли на риболовните ревири „Црн Дрим 1“ и „Слив на Охридско Езеро“. При контролите кои се одвиваа во неколку наврати, и истовремено на три локации од река Сатеска и река Црн Дрим во периодот од 20.12.2013 год до 10.01.2013 год, затекнати се три лица кои вршеа риболов на пастрмка за време на забрана, без рекреативна дозвола и рекреативна легитимација и истовремено вршеа риболов на маломерни пастрмки.
Одземени се 21 парче на пастрмка и тоа сите одземени пастрмки се со маломерни големини кои не одговараат на Правилникот за дозволени големини на риби. Против затекнатаите лица ке бидат поднесени соодветни прекршочни пријави според Законот за рибарство и аквакултура.
На 16.01.2014 год во периодот околу 18 часот во заедничка контрола извршена од страна на овластени рибочувари на концесионерот на рибниот фонд на Дебарско Езеро – З.З Охридска Риба од Струга и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид во водите на Дебарско Езеро кај м.в Требишки Мост на лице место се затекнати две лица кои вршеа недозволен риболов – лов на пастрмка со недозволени риболовни средства – мрежи. При контролата во водите на Дебарско Езеро затекнати се 10 рибарски мрежи во должина од околу 400 метри со димензии на окца од 32 мм и 36 мм. Во мрежите затекнати (уловени) се 9 парчиња на маломерна пастрмка, која риба заедно со затекнатиот риболовен алат – мрежи е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид. Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид по документирање на целокупниот настан против двете лица ќе поднесе кривични пријави за незаконит риболов.
Од страна З.Р.С.К ПАСТРМКА од Струга и З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид и концесионерот на рибниот фонд од Дебарско Езеро – З.З Охридска риба од Струга како концесионери на риболовните ревири, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид ќе се интензивираат контролите на риболовните ревири на кои наведените Здруженија се концесионери, посебно за време на мрестот на пастрмката, за што укажуваме на доследна примена и почитување на Законот за рибарство и аквакултура како и подзаконските акти од сите учесници во риболовот.