Во рамки на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“, годинашниот кум, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на Адора инжинеринг Ванчо Чифлиганец, поранешен кум за Водици, денеска во Црвен крст – Охрид, донираа хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.
Поранешниот кум Ванчо Чифлиганец традиционално и оваа година донира 50 хуманитарни пакети, а градоначалникот Никола Бакрачески воедно и годинашен кум за Водици донира 80 хуманитарни пакети.
Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека покрај овие пакети за социјално ранливите семејства, Локалната самоуправа посветено ќе работи на помагање на социјално загрозените семејства во создавање на услови во иднина овие семејства, за кои е наменета оваа помош, да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат да се издржуваат.