Почна изградбата на новиот објект на Турскиот театар

Турскиот театар во Скопје ќе добие нов современ објект кој во целост ќе го задоволи функционалните, техничките и естетско-архитектонските критериуми. Новиот објект е проект на Владата на Република Македонија, кој се реализира преку Министерствто за култура и националната установа.

Сместен е во близина на поранешното балетско училиште и ќе располага со вкупно 8 нивоа од кои пет надземни и три подземни. Ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет на посетители до 150,  додека големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки на функционира и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала.

Изведувач на работите е градежната компанија „Бетон“, а се очекува за 14 месеци да биде изградена карабината на објектот. Изградбата на карабината ќе чини 248 милиони денари.

Проектот е изработен на основа на првонаграденото конкурсно решение за идејно архитектонско решение на архитектот Виктор Михајлов.

На денешното поставување на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски и министрите за култура и за транспорт и врски Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, како и вицепремиерот на Турција, Емрула Ишлер, кој денеска престојува во Македонија.

Според премиерот Груевски, објектот е замислен да функцонира пред се како центар за промоција на турската култура, но и да биде основа за продлабочување на културната соработка со Турција.

„Уметноста е процес, а не производ. Наша задача е да го поддржиме овој процес со постојано вложување во развојот на културата и културната размена со другите земји. Објектот кој што денес почнува да се гради е уште еден пример за интензивната сораотка во областа на културата меѓу Македонија и Турција. Ваквата соработка има свој континуитет и традиција која адекватно продолжува да се развива и преку Програмата за соработка во областа на културата потпишана меѓу двете влади“, нагласи Груевски.

Тој истакна дека уште еден значаен проект кој ќе ги интензивира односите меѓу двете држави ќе биде и обновата на куќата на родителите на Кемал Ататурк во селото Коџаџик, која наскоро ќе биде промовирана во јавноста.

Тој најави дека и во иднина ќе продолжи владината поддршка за реализација на проектите од областа на културата на турската и на другите заедници во Македонија.

За министерката Канческа – Милевска, изградбата на новиот објект на Турскиот театар претставува исполнување на сонот на многу генерации турски актери.

„Турскиот театар и неговиот повеќедецениски подем во нашата театарска историја имаат неоспорно значење кое е подвлечено со фактот дека овој театар е единствениот на Балканот и во Европа, кој повеќе од половина век делува надвор од границите на матичната држава. Во текот на изминатите седум децении, овој ансамбл создаде специфичен и креативен театарски израз кој ја промовираше турската театарсска традиција во културниот живот во нашата држава“, подвлече Канческа-Милевска.

Турскиот вицепремиер оцени дека со новиот објект ќе им служи на многу идни генерации и со неговата изградба Турскиот театар ќе има можност да ги понуди своите дела во една поубава средина.

Турскиот театар почнува да фунцконира во 1950 година коага е изведена комедцијата „Сомнително лице“ во решија на Абдуш Хусеин. Досега овој театар функцонираше во истите простории со Албанскиот театар. Има настапувано на многу сцени низ аЕвропа и светот и добитник е на многу признанија.