Екипите на МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Охрид на 16-ти јануари започнаа со изведба на нова водоводна линија на потегот на улицата „Лазо Трповски“ према улицата „Мирче Ацев“. Профилот на линијата изнесува Ф 63 и е во должина од 80 метри. Работите се одвиваат според планираната динамика и нејзиното финиширање се очекува во планираниот рок, информираат од МЈП „Проаква“.