Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.