Ќе се отстрануваат хаварисаните возила

Oпштинскиот инспекторат при Општина Охрид ги известува граѓаните дека според годишната програма, а со цел за почист и поубав Охрид започна акција за евидентирање и отстранување на хаварисани возила, оставени на јавни површни.

Се молат сопствениците на хаварисани возила кои се оставени на јавна површина да ги отстранат истите во рок од 5 (пет) дена, во спротивно тоа ќе го извршат надлежните служби, а трошоците за отстранувањето  и складирање ќе паднат на товар на сопствениците на возилата.