Снежна бура повторно го зафати североисточниот дел од САД, со снежна покривка од 45 сантиметри во некои места. Најмалку три лица ги загубија животите, откажани се над илјада летови, а сообраќајот е отежнат за милиони возачи.
Бурата ја зафати областа од Кентаки до Масачусец, но најмногу погоден е населениот коридор помеѓу Филаделфија и Бостон.
Метеоролозите соопштуваат дека бурата може да биде пропратена со голем студ, доколку стигне арктичкиот бран преку Канада. Чикаго веќе се соочува со големиот студ, каде се измерени 28°С под нулата.