Студентите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ќе ги презентираат своите завршни проекти за најдобра андроид апликација за паметни телефони и таблети за најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство. Овој натпревар го организира компанијата Техномаркет а за најдобриот тим ќе издвои Самсунг таблети.
Тимовите на студентите своите проекти ќе ги презентираат пред тимот на Техномаркет, на 24ти јануари (петок), во 10:30 часот, во амфитеатарот на Универзитетот.