Кривична пријава за скопјанец кој нелегално поседувал оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Ј. (23) од Скопје.

При вршење работи од областа на безбедноста, полициските службеници го забележале пријавениот во чекалната од железничката станица во Кичево. При извршен преглед, кај него пронајдени се и одземени едно огнено оружје-ловна пушка марка “ТОЗ БМ” со калибар 16 милиметри од руско производство, шеесет и четири куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, дваесет куршуми калибар 5,56 милиметри, пет маневарски куршуми за карабин калибар 7,9 милиметри, единаесет ловни патрони со калибар 16 милиметри и четиринаесет ловни патрони со калибар 12 милиметри.

Бидејќи нелегално ги поседувал, наведените предмети се одземени од А.Ј. и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.