Трансфер на Крсте Велкоски во ФК Сараево

Крсте Велкоски е нов член на ФК Сараево. Поранешниот капитен на Работнички, потпиша две и пол годишен договор со прволигашот од Босна.

Според директорот на ФК Сараево, за македонскиот напаѓач е платено обесштетување кон Работнички, а нивните очекувања се Велкоски да се наметне во репрезентацијата на Македонија, бидејќи тој ги има тие квалитети.

Крсте Велкоски, покрај многуте понуди, се одлучил за Сараево. Тој контактирал и со Адис Јаховиќ, кој како поранешен член на ФК Сараево, му кажувал многу убави работи за Сараево.

Велкоски денес играше на пријателскиот натпревар помеѓу Бротњо Читлук и Сараево. Велкоски постигна гол од слободен удар во 31 минута за водство на Сараево од 0:2. На полувремето беа извршени неколку измени меѓу кои беше и Велкоски. Сараево на крајот го доби овој натпревар со 0:4.

Инаку, фудбалскиот клуб Сараево од пред нецел месец има нов сопственик, Малезискиот милијардер Винсент Тао, кој исто така го поседува и премиерлигашот Кардиф Сити.

WebOhrid