Одлучувачки гол на Ристовски за победа на Латина

Во италијанската Серија Б, Латина забележа победа 2:1 против второпласираниот Емполи. Одлучувачкиот гол го постигна нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Ристовски влезе во 74 минута, а во судиското продолжение од натпреварот (90+3) го постигна неговиот прв гол за Латина, решавачки за победа на неговиот тим на овој натпревар. Поради прославувањето на голот Ристовски заработи и жолт картон.

WebOhrid