Конкурс за доделување бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува

КОНКУРС

за доделување  бесплатни  курсеви за  државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид

 Општина Охрид за учебната 2013/2014 година ќе додели 30 (триесет) бесплатни курсеви за  државна матура на ученици од четврта година во средните училишта во општина Охрид

1. Услови за доделување бесплатни курсеви за државна матура 

Право на бесплатен курс за државна матура имаат кандидатите кои учат во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови:

  1. да се редовни ученици во IV година  во средните  општински училишта
  2. да не посетуваат  ист   курс  во друга институција или фирма

2. Начин на пријавување

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

  1. потврда дека е редовен ученик (оригинал);
  2. фотокопии од свидетелствата за  претходните три учебни години
  3. извод  од матична книга на родени; (копија)
  4. потврда за висината на примањата на членовите на семејството на ученикот и тоа: ако се вработени,потврда за висината на платите на членовите на семејството на ученикот; за членовите пензионери на семејството на ученикот -испратница од пензија за последниот месец(оригинал) а за невработените членови на семејството на ученикот- потврда од  Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок; (оригинал)
  5. изјава потпишана од  ученикот (ако е полнолетен) или од родител/старател (ако ученикот нема наполнато 18 години), дека, доставените документи се вистинити и дека ученикот  не посетува друг исти курс  од друга институција или фирма.

3. Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават  најкасно 5 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид  ул.,, Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за државна матура

Документите на кандидатите  кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Трите пријави можете да ги преземете од следниот линк:

Пријава (.doc формат)