Кривична пријава против лекар од Охрид поради издавање невистинито лекарско уверение

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(52) лекар и управител во ПЗУ „Прима Медика“ и против Г.С.(49), вработен во општина Охрид, за сторено кривично дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. На 22.11.2013 година, во Охрид во ПЗУ „Прима Медика“ пријавената во својство на лекар издала и евидентирала невистинито лекарско уверение во траење од 18.11. до 22.11.2013 година за пријавениот Г.С., иако знаела дека истиот не се јавил на лекарски преглед. На 22.11.2013 година, Г.С. лекарското уверение го доставил во општина Охрид каде го оправдал своето отсуство од работа иако истиот не се јавил на преглед, односно бил во странство.