Најавена програмата за Прличеви Беседи 2014

Прличеви беседи е манифестација која постои од 1952 година, која ја одбележуваат културните и образовни институции во градот Охрид во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19 век, Григор Прличев.

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на 5-ти февруари, во соработка со Просветно дело, Детска Радост, ја востановува наградата Григор Прличев, награда за најдобра поема. Оваа награда се доделува секоја година во Охрид, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Просветно дело и Локалната самоуправа со поддршка Министерството за култура.

Оваа година добитник на наградата Григор Прличев е Иван Василевски, со поемата Азбукословецот. 

Доделувањето на наградата е проследено со соодветна културна програма и читање на поемата во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, на 5-ти февруари во 12 часот.

Манифестацијата продолжува на 6-ти февруари и се состои од полагање цвеќе пред споменикот и гробот, прличева визита, посета на спомен куќата, со соодветна програма.

П Р О Г Р А М А :

11:45

Изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид

12:00

Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

  • Настап на хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, (1762 лето и Билјана платно белеше)
  • Обраќање на Директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид м-р Драгана Боцеска
  • Обраќање на претставник од Општина Охрид
  • Претставување на наградената поема за 2013 год. „Азбукословецот“ од Иван Василевски
  • Артистичка изведба на поемата „Азбукословецот“
  • Врачување на Повелбата за најдобра поема за 2013 год.
  • Свечено обраќање на лауреатот Иван Василевски
  • Објавување на конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2014 год.

Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид / Изложбен салон