Согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 142/08, 64/09, 156/09, 166/10 , 53/11, 185/2011 , 44/2012 , 15/2013, 91/2013 и 170/2013), предвидени се определени правила за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ. Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнуваjќи од 03 февруари 2014 (понеделник) заклучно со 31 март 2014 година (понеделник), ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2013 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот според местото на живеење.Осигурениците кои треба да се регистрираат/пререгистрираат во подрачната служба на Фондот во Скопје, заради заштеда во време и пари кои ги губат патувајќи до центарот на градот каде есместена Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, можат да се регистрираат/пререгистрират во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Скопје сместени во Поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари. Воедно ги информираме осигурениците од Тетово дека и подрачната служба во Тетово, покрај скопската, ќе работи со продолжено работно време од 7:30 до 18:00 часот. Директорот Мехази упати апел до осигурениците навремено да се осигураат за да се избегнат гужвите и за да не се случи да изгубат некои од правата од здравствено осигурување. Доколку осигуреникот задоцни и еден ден при пререгистрацијата и се направи преки во здравственото осигурување, тогаш одредени права за кое е потребен шестмесечен континуитет во здравствено осигурување, како за ортопедско помагало, нема да може да ги оствари правата на здравствени услуги.
ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАKЕДОНИЈА ГИ ПОВИKУВА ЛИЦАТА ОПФАТЕНИ СО ОВОЈ ПОВИK ШТО ПОСKОРО ДА ИЗВРШАТ РЕГИСТРАЦИЈА/ ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ.
Фондот преку својата инфо линија 080033222 и инфо mail info@fzo.org.mk стои на располагање за било какви прашања поврзани со овој Повик.
Пререгистрацијата ќе продолжи и после 31-ви март 2014 година, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување (од 1-ви април 2014 година до моментот на нивната регистрација/ пререгистрација во Фондот).