Одржана 18-та седница на Советот на општина Охрид

На почетокот на денешната седница  на Советот на општина Охрид, дневниот ред беше проширен со одлуките за  давање согласност за потпишување  договор за добивање грант и пренасочување средства од општинскиот буџет за изградбата на фекалната канализација во селото Лескоец, кои беа усвоени. Не беа прифатени неколку предлози на опозицијата за дополнување на дневниот ред, по што нивните советници ја напуштија седницата.

Советот на општина Охрид ги усвои програмата за спорт за 2014 година, измените  на Одлуката за извршување на Буџетот на општината Охрид за 2014 година, дополнувањата на Одлуката  за  пренесување правото на сопственост – движни предмети  од општина Охрид на  ЈП „Охридски комуналец“ , одлуката за формирање штаб за заштита и спасување и  Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно    партнерство за модернизација и проширување на системот за јавно осветлување на подрачјето на општина Охрид.

Од областа на урбанистичката сфера  беа прифатени одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр  11162/1  КО  Охрид 2,  за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти за (Кп.1159 КО Велгошти), за (Кп.1315 КО Велестово), за (КП.1996 и Кп.бр.1997 КО Велгошти), за (Кп. 252 КО Охрид 4), за (Кп. 859/4 КО  Рамне) за (Кп. 1120/15, 954 КО Оровник), за (Кп. 1868 КО Г.Лакочереј), за (Кп.2111 КО Велгошти), за (Кп. 2139/1 КО Лескоец), за (Кп. 2244/1 КО Велгошти), за (Кп. 2447 КО Лескоец), за (Кп. 2478 КО Велестово), за (Кп. 2529/1 КО Велгошти), за (Кп.5878 КО Охрид 4), за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на  (Кп. бр  14480  КО Охрид 3), за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на (Кп.бр 14745 КО Охрид 3),  за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на (Кп. бр 15458/1 и 15458/2 КО Охрид 3), за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на (Кп. бр 16109 КО Охрид 3), за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на (Кп. бр 16262/1  КО Охрид 3), за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на (Кп. 80/21 КО Долно Лакочереј), за (Кп. 86 КО Охрид 4), за (Кп. 90 КО Охрид 4), за (Кп. 813/3 КО Љубаништа), за (Кп. 1330/2 КО Велестово), за (Кп. 1354 КО Велестово), за (Кп. 2690/1 КО Велгошти), за (Кп.2733 КО Велгошти), за (Кп. 2942,2943 КО Коњско) и за утврдување на потреба од  донесување  на урбанистичко-планска документација, за усогласување на трасата на сообраќајна  инфраструктура на (Кп број 11079/1 КО Охрид 2).