Охрид нема скијачки центар, но има ски-шоп. Иако не работи, сепак станува збор за добра идеја. Којзнае, можеби оваа и ваква слика ја забележале надлежните во градов и ете, светнала сијаличката, па оваа ски-идеја прерасна во вистински темелно разработена студија за Скијачки Центар на Галичица.
Со изработената физибилити студија за изградба на Скијачки Центар на Галичица се очекува Охрид да добие повеќе вакви ски-шопови кои би понудиле разновидна опрема за зимски спортови и рекреација, како за нашите жители така и за туристите кои би доаѓале.