Локалниот Совет на млади ја одржа петтата редовна седница

Локалниот Совет на млади ја одржа петтата редовна седница. На седницата се дискутираше за тековните работи на Советот на млади, како и за активностите кои ќе се преземаат во наредниот период.

По иницијатива на Советот на млади, а преку Секторот за туризам и локален економски развој и одделението за образование при Општина Охрид, на 05 февруари (среда) со почеток во 12 часот во малата сала ќе биде спроведена работилница за изработка на проекти. Ова е еден од начините младите од Охрид да бидат оспособени за осмислување и реализација на проекти, со кои во иднина ќе можат да аплицираат до финансиски средства кои се обезбедуваат од странски фондации.

Исто така на иницијатива на Советот на млади од Општина Охрид во иднина ќе биде потпишан меморандум за соработка со Советот на млади од Општина Штип.

lokalensovetnamladi_400