Викендов во спортската сала „Тодор Александров“ во с.Велгошти започна со работа тенискиот клуб „Охрид“ предводен од професионалниот тренер (ИТФ сертификат) Крстески Мичо.
Термините за тренинг се следни:
– сабота 14:15 часот
– недела 13:15 часот
Се покануваат сите заинтересирани да дојдат во спортската сала поради формирање на групи кои ќе отпочнат со тренинзи. Бидете и Вие дел од оваа програма, за да заедно ја креираме нашата спортска иднина како наш најголем амбасадор на меѓународен план. Нека овде се родат новиот Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Шарапова, Радванска, Лисицки и останатите врвни мајстори, кои МАКЕДОНИЈА ќе ја постават на светската мапа на овој спорт.
Спортската сала „Тодор Александров“ е климатизирана и располага со сите услови кои се потребни за остварување на врвни резултати. Вратите се отворени за сите индивидуалци, групи спортисти и спортски клубови.
Повелете, Ве очекуваме!!!
Лица за контакт:
Крстески Мичо – тренер (тел.070/336 355)
Ѓоко Шибакоски – раководител на спортската сала (тел.071/226 711)
Ѓоко Чинговски – директор на ОУ „Живко Чинго“ (тел.076/255 455)
З.К./WebOhrid