Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, во споредба со декември 2013 година, е зголемен за 0.2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2% и Безалкохолни пијалаци за 0.4%.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0.2%.