Незапаметено невреме во Шпанија, Франција и Британија

Француската метеоролошка служба, прогласи највисоко, црвено ниво на узбуна, поради поплавите во крајбрежниот дел на Бретањ. Последните денови Баскијската област на француската граница со Шпанија, беше погодена од невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и врнежи проследени бури.

Во Шпанија, силниот ветар со брзина од 130 километри на час, дигнал бранови високи дури осум метри, предизвикувајќи штети од повеќе милиони евра.

Невреме ја зафати и Велика Британија, која се соочува со поплави какви што не ја погодиле земјата во последните 250 години.

Метеоролозите, за овој дел од Европа, најавуваат невреме и за претстојниот викенд.