Несовесни охриѓани во потрага по нова дива депонија

Со затворањето на дивата депонија кај Мауцкер, односно поставените браници покрај магистралниот пат, а во повеќе наврати беа изречени и казни кон затекнати граѓани, несовесни охриѓани се во потрага по нова локација за депонија.

Овој пат „и фрлија око“ на локацијата кај охридските оранжерии, поточно покрај улицата „Ристо Чадо“, во населбата Видобишта.

Време е инспекторите да почнат со казни и на оваа локација, со што би ги казниле несовесните граѓани. Како што вели народната поговорка: „Кој нема во главата, има во нозете“, само што во овој случај би гласело: „Кој нема во главата, ќе му се земе од џебот“.

А.А.