СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (45) од Струга, Ј.Н. (45), двајцата геодети како и против правното лице „Гео Практика“ ДОО Охрид, за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. Во периодот од 2013 и почетокот на 2014 година, пријавените како одговорни лица во наведеното друштво во канцеларијата каде вршеле геодетски услуги на еден од компјутерите безправно инсталирале и користеле нелиценциран софтвер. На 29.01.2014 година од страна на МВР во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост извршена е контрола во наведеното друштво и притоа одземено е едно куќиште од компјутер.