ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение, во кое стои:
„Воопшто не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се залагаат за чист Охрид.
Дури чистејќи ја дивата депонија Мауцкер тие во дворот на ЈП Комуналец депонираат смет и на тој начин се поигруваат со здравјето на граѓаните кои живеат непосредно во околина на местото.
ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија.“– се вели во соопштението.