Намален бројот на издадени одобренија за градење во декември

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 се издадени 239 одобренија за градење што е за 13.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 548 401 илјади денари што е за 14.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 195 (81.6%) се наменети за објекти од високоградба, 21 (8.8%) за објекти од нискоградба и 23 (9.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 239 објекти, на 185 (77.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти (22.6%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 33 017 м2.