Еко-проект „Заедно до почиста Општина“ ќе се спроведува во општина Дебарца

Со оглед на фактот дека екологијата и еколошката свест се приоритети кај современиот човек, особено во услови на нарушен еко-баланс меѓу човекот и животната средина, ОУ „Дебрца“ с.Белчишта заедно со локалната самоуправа, а под покровителство на градоначалникот Игор Трајкоски и директорката на Јавно комунално претпријатие, Јасмина Мицкоска вложија напори за реализација на Еко-проектот „Заедно до почиста општина“, со цел потикнување на еколошката свест кај населението на Општина Дебарца.

Со овој проект предвидено е истражување за еколошката состојба во  Општина Дебарца, проект кој ќе трае од 10.02.2014 до 21.03.2014 година.

Во активностите кои ќе бидат реализирани во шест работни седмици учество ќе земат учениците од основното училиште Дебарца со подрачните училишта од с. Злести, с. Лешани и с. Велмеј во зедничка акција со родителите и жителите на Општина Дебарца.

Предвидените активности како поставување канти означени според содржината на отпадот, собирање семенски материјал, одржување јавна трибина за едукација на населението, делење флаери со еколошки пораки, расчистување диви депонии, сортирање на отпад и рециклирање на истиот ќе бидат дел од предвидениот проект „Заедно до почиста Општина“. Од општината се надеваат дека со овој проект ќе проработи еколошката свест кај населението во Општина Дебарца.