ЛДП на денешната прес-конференција потенцираше дека изминало многу време од како советникот Дејан Блажески побарал од Секретарот Спасески да го достави договорот за лизгалиштето на јавноста и истовремено службите да ја достават целокупната документација на домашна адреса – законско право на секој граѓанин, а не само на советник.
„Имено, до ден денес, советникот Блажески нема добиено никаков одговор, освен барање за извинување и повлекување јавна изјава како предлог пред да биде започната постапка за тужба за клевета од страна на Секретарот кон нашиот советник. Очигледно е дека Секретарот, веројатно е повеќе од конфузен и место да одговори на нашите барања, што всушност е и наша работа како партија со претставник во Совет на општина Охрид, посегна по дневно политички теми и лични дискредитации, кои и понатаму ги очекуваме.“ – истакнуваат од ЛДП.
Од ЛДП додаваат дека од друга страна изненадувало непознавањето на правните процедури или можеби намерната наивност. Посочија што вели законот:
„Според Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета согласно чл.8 “За клевета одговара тој што за друго лице или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или произнесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен да знае и може да знае дека се невистинии.Според членот 8 и од горе изнесеното, може јасно да се утврди дека не постои дело за клевета затоа што секретарот не се оградува од позитивниот ефект на договорот ниту пак ке спомене негативност од договорот. Секретарот позитивно ќе се изјасни за бенефициите за граѓаните од проектот, дури и ќе додаде дека договрот е регуларен и дека тој како дел од локалната е задоволен што е реализиран.Следствено на поднесување на пријава за клевета се поднесува и лекарско уверение/психијатриско мислење според кое се утврдува како изнесени клевети и лаги влијаеле на психичка состојба на тужителот. Парадоксално е да поднесе таква документација која од друга страна пак е нужна за утврдување на психичка состојба, кога самиот тој е презадоволен од проектот Лизгалиште. Исто така, во своите изјави никаде не споменува ништо спорно и негативно во однос на договорот со што на било кој начин би можело да му се наруши неговата чест и углед, особено кога е посочен како НЕОФИЦИЈАЛЕН потписник на договорот. За крај, место да се одважи и да ја достави целокупната документација посегна по тужби за клевета кои не само што немаат основа туку ја покажуваат тенденцијата и намерата. Оттука не јасно е зошто Секретарот најавува кривична пријава за клевета?“ – додаваат од ЛДП.
Како што беше истакнато на прес средбата, ЛДП и советникот Блажески ќе останат доследни на барањето за доставување на договорот и за содржината ќе реферираат пред граѓаните.
„Потенцираме дека доколку се покаже дека има основа како партија ќе покренеме кривична пријава. ЛДП прашува дали можеби Секретарот Спасески (приватно) мисли поинаку од службената изјава и за секој случај има намера да се огради од договорот во некое идно време? ЛДП имајќи ги предвид принципиелноста и законитоста на која се повикува Градоначалникот, бараме да го ревидира однесувањето на Секретарот со оглед на многуте поплаки од вработените како и односнот кон Советник и доколку утврди одговорност истиот да биде санкциониран како впрочем многумина кои ги пречекоруваат своите овластувања.“ – потенцираат од ЛДП Охрид.