ВМРО-ДПМНЕ: Ќе продолжиме и понатаму кон реализација на ветувањата и кон создавање на услови за подобар живот

Денес, сведоци сме на безидејност, безначајност и безпредметност од страна на СДСМ, вака ја започна денешната прес-конференција, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

„Уште еден пример кога СДСМ го покажува своето вистинско лице исполнето со толкување на невистини и клевети. Замислете, тие се истите оние  кои имаа можност цели осум години да покажат на дело убави работи за Охрид, а оставија само милионски долгови без реализација на нити еден витален проект. И токму тие се дрзнуваат да зборуваат за нереализирани проекти и тоа во време кога ВМРО-ДПМНЕ успева да ги санира штетите од владеењето на СДСМ“. – истакна Митровиќ.

Ваквите испади на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ ги толкуваат како очајнички обиди за ситни партиски поени кон претстојните избори.

„Ако ги напаѓате зафатите во културата, сетете се дека СДСМ 8 години ништо не направи за да го збогати културниот сектор во градот. Ако напаѓате за спортот сетете се дека СДСМ немаше вложувања во спортот во Охрид во изминативе години. Ако напаѓате за еколошката политика, сетете се дека СДСМ немаше ниту една еколошка активност. Ако напаѓате за урбанизација сетете се дека СДСМ со своите одлуки урбанистички го искасапи Охрид. Но, ниту ваквите обиди нема да ги спасат од уште една поразителна битка во која уште еднаш ќе се потврди погубната политика на СДСМ како во локално така и во државно ниво. ВМРО-ДПМНЕ успева во сите аспекти на општеството да создаде услови за прогрес и просперитет и токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка опција која своите ставови ги темели исклучиво врз потребата на граѓаните. Токму поради тоа потенцираме дека во услови кога секојдневно неосновано се напаѓа врз ВМРО-ДПМНЕ, ќе  продолжиме и понатаму кон реализација на ветувањата и кон создавање на услови за подобар живот. Тоа е нашиот мотив од кој не отстапуваме“. – додаде Митровиќ.

PressMitrovicPanovski02

WebOhrid