Градоначалникот Никола Бакрачески, на прашањето од советничката Верица Хајба во врска со лизгалиштето, истакна дека лизгалиштето е еден од најуспешните и најприфатените проекти од страна на охриѓани и од страна на туристите. За разлика од други општини каде само за негово поставување се плаќало од 33 000 до 66 000 евра, во зависност од периодот на користење во сезона, Општина Охрид нема обврски од ниту еден единствен денар за негово поставување. Работните зафати за поставување на кабелот и кабелот се донација на ЕВН – Македонија, а потрошената електрична енергија од лизгалиштето ја плаќа сопственикот.
Исто така сопственикот е должен на Општина Охрид да и плати комунална такса за користење на просторот. Лизгалиштето, бесплатно го користат училиштата од Охрид, здруженијата на граѓани од Охрид и децата од социјално ранливите категории, по претходно утврден редослед. До овој момент се овозможени 11 000 ваучери за бесплатно користење на лизгалиштето.