На барање на мештаните, денеска на лице место градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во селото Коњско и населбата Рача ги согледуваа можностите за уредување на влезовите од овие две населени места. Се разговараше и за осветлување и уредување на пешачката патека околу главниот пат од тунелот до хотелот Метропол.
„Денес побарав од директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски тие да го преземат осветлувањето и уредувањето на влезот од Охрид. Вакво барање никогаш не реализирало минатото локално раководство. За ова барање наидов на разбирање од директорот Георгиевски и очекувам многу набрзо тие да ја преземат оваа обврска“. – истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
Ваквата определба да се дејствува и да се оди на терен, на барање на жителите, а со цел да се согледаат и решат проблемите, локалната власт ќе ја практикува и во иднина.