Градоначалникот Трајкоски оствари средба со американскиот амбасадор во Македонија Волерс

Во Општина Дебарца денеска се одржа работна средба помеѓу Американскиот Амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс и Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.

На средбата се разговараше за локалната власт, проектите кои се реализирани и проекти кои ќе се реализираат. Од страна на Градоначалникот Трајкоски, Амбасадорот Волерс беше запознаен за состојбата во општина Дебарца, за проектите кои се реализираат од страна на Општината и начинот на добивање помош од централната власт и меѓународните организации.

Амбасадорот се интересираше дали до сега се реализирани проекти со подршка на USAID во општина Дебарца. Од страна на Градоначалникот беше запознаен дека се реализирани вакви проекти изминатиов период и дека во моментов се подготвува проект за реконструкција на училиште со подршка на USAID.

По состанокот Амбасадорот се заблагодари за гостопримството и одвоеното време и се надева дека во иднина повторно ќе ја посети општина Дебарца.