СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Д.(20) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“. На 02.08.2013 година на паркинг кај плажата во Охрид, по извршен преглед во патничко возило, сопственост на пријавениот, затекнат е пријавениот заедно со лицето К.Ш.(19), при што е пронајдено 3,1 грам марихуана. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот дрогата ја набавил од непознато лице и од истата му овозможил да ужива К.Ш.