Министерството за внатрешни работи апелира медиумите да не ги доведуваат во заблуда граѓаните, објавувајќи непроверени информации дека – „Во Косово од март само со лична карта“.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството.
Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на РМ, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено.