ОУ „Св.Климент Охридски“ ќе учествува во проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ е избрано за учество во проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот“.

Проектот „Зелени училишта почиста околина, поздрав живот“ се реализира од септември 2013 година (18 месеци) во 16 основни училишта од Македонија и Албанија (осум основни училишта од Република Македонија и осум основни училишта од Република Албанија). Овој проект  е дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија. Проектот е финансиран од канцеларијата на Европската унија во Република Македонија и канцеларијата на Европската унија во Република Албанија.

Имплементатор на проектот во Република Македонија е Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

На крајот од проектот училиштето ќе добие и финансиски грант кој ќе се употреби во рамките на темата на проектот.