Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и компанијата „Ведел ИТ“ потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовна, практична, научна и техничка соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.
Примарната цел на овој меморандум е да се официјализира соработката помеѓу Универзитетот и „Ведел ИТ“ и да се овозможат услови за заедничка работа во стручни и научни проекти, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните и апликативните активности од областа на информатичките науки и технологии од страна на потписниците.
„Соработката помеѓу Универзитетот „Св. АпостолПавле“ и „Ведел ИТ“, пред сѐ, креира услови за споделување на заедничките цели во областа на информатичките науки и технологии и отвора одлични можности за реализација на заеднички проекти кои поттикнуваат на унапредување на високо образовните политики и нивно приближување кон ИТ индустријата, како и можност за поврзување со истата на глобално ниво“. – изјави проф. д-р Иван Бимбиловски проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
„Ведел ИТ” е данска компанија специјализирана во создавање на талентирани и високо професионални тимови во сферата на ИТ, е предводена менаџерски тим составен од експерти со меѓународно искуство, од кои се обезбедува западна копрпоративна култура.Засега со повеќе од 200 вработени во Куала Лумпур, Малезија, компанијата се одлучи за Скопје како прв избор за надградување на нејзината досегашната работа. Новата филијала на компанијата ќе го прошири пристапот на „Ведел ИТ“ до поголем пазар со нудење можности за префрлување на деловните активности на нејзините европски клиенти во Македонија.
„На наше огромно задоволство со потпишувањето на овој меморандум за соработка се официјализира соработката меѓу нашата компанија со еден современ, интернационален реномиран Универзитет, со која пред се се креираат совршени можности за детектирање на високо талентирани и образовани професионалци и нивно вклучување во ИТ индистријата, во светски рамки“. – вели Асаф Адеми, менаџер на „Ведел ИТ“.