Нискоградба ги информира правните лица да ги подмират неплатените сметки, во спротивно наплата по пат на извршител

ЈП „Нискоградба“ – Охрид, ги информира Правните лица корисници на услугите  кои имаат заостанат долг по основ на неплатени фактури за одведување на отпадни и атмосфетски води,  истиот можат да го отплатат на рати во зависност од висината на долгот.

Кон оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител.

Сите заинтересирани лица во просториите на Јавното претпријатие кое се наоѓа на Булеварот „Железничка“,  бб  да се информираат и да склучат договор за  плаќање на долгот.